
Поетската книга „Некој друг“ од Јовица Ивановски ќе биде промовирана вечер со почеток во 20 часот во „Лабораториум“. Книгата ќе ја промовира поетот Дарко Лешоски, а песни ќе чита актерот Нино Леви, информираат од тимот на Ивановски.
Ивановски е роден во Скопје, 1961 година. Автор е на дваесет и една книга поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за книгата „Човек“ (2019).




