дома Македонија Лажни СМС пораки за казни од Сејф сити

Лажни СМС пораки за казни од Сејф сити

Деновиве е забележана зачестена појава на измамнички пораки испратени во името на Министерството за внатрешни работи за сторени прекршоци од Сејф сити.

Сејф ситиПораките пристигнуваат од странски телефонски број и содржат линк до лажна веб-страница која се претставува како официјална страница на МВР. Откако корисниците ќе кликнат на линкот, се пренасочуваат на страница каде се бара внесување на регистарска табличка, по што им се прикажува наводен прекршок и се бара уплата од 1.500 денари преку платежна картичка.

Надлежните предупредуваат дека станува збор за класична интернет-измама чија цел е злоупотреба на лични и финансиски податоци. Апелираат граѓаните да не отвораат сомнителни линкови, да не внесуваат чувствителни податоци и да не вршат плаќања преку непроверени веб-страници.

Од МВР потсетуваат дека официјалните известувања не се испраќаат на ваков начин и повикуваат на зголемена внимателност, како и пријавување на вакви случаи до надлежните институции.

ПредходнаЗаконот важи подеднакво за сите, вели Мицкоски за членот на неговото обезбедување
СледнаЕден бренд доминира на пазарот на мобилни телефони