дома Македонија Мицкоски со порака – ќе одиме по потешкиот пат кон ЕУ

Мицкоски со порака – ќе одиме по потешкиот пат кон ЕУ

Пократок пат за влез во ЕУ има, но тој има свои предизвици кои се понижувачки. Владата ја избира потешката, но поисправна патека, а не преку компромиси што може да создадат идни проблеми, вели премиерот Христијан Мицкоски.
На самитот што го организира Македонија2025, Мицкоски рече дека во јуни има ново мерење на напредокот на државата на патот кон ЕУ и дека Владата интензивно работи на тој план.
           – Како Влада цениме дека покус пат до Европската унија нема, односно има, но тој е полн со предизвици, кои најчесто се понижувачки и поради тоа го избираме потешкиот пат со кој местото во Унијата ќе го заслужиме со квалитет и испорака, рече Мицкоски.
Најави дека утре ќе има состанок преку видеоврска со директорот на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската унија, Герт Јан Копман.

ПредходнаПризма- Поништен тендерот што требаше да го добие компанијата на Крис Павловски
СледнаУченик од Ченто повреден со остар предмет од врсник