дома Македонија Демарш за бугарскиот амбасадор за употребата на терминот северномакедонски во изјавата на...

Демарш за бугарскиот амбасадор за употребата на терминот северномакедонски во изјавата на бугарската министерка

Во Министерството за надворешни работи денеска бил повикан бугарскиот амбасадор Жељазко Радуков на кого му бил упатен устен демарш поради употребата на терминот „северномакедонски“ од страна на бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова.

По вчерашната изјава на бугарската министерка дадена на маргините на Советот на министри за надворешни работи во Брисел го употреби терминот северомакедонски и рече дека имала средба со министерот Тимчо Муцунски.

По ова следуваше реакција од шефот на македонската дипломатија во која тој негираше дека имал средба со неговата бугарска колешка, а за употребата на терминот северномакедонски рече дека е несоодветен бидејќи Македонците се Македонци.

 

ПредходнаЛишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, сите управувале возила без возачка дозвола
СледнаАбази ги демантира обвинувањата дека влијаел да се сопре истрагата за набавката на мазут