дома Македонија Фемицид во Битола, маж си ја уби сопругата

Фемицид во Битола, маж си ја уби сопругата

Нов случај на фемицид во земјава. Во Битола е убиена 31-годишна жена од страна на нејзиниот 33-годишен сопруг.

Случајот го потврди и СВР Битола од каде информираат дека убиецот е приведен.

– Денеска полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р.(33) од Битола. Тој се сомничи дека утрово околу 06.40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Битола.

ПредходнаМПЦ-ОА не е филијала на туѓа историја, ниту привремен компромис на туѓа црковна дипломатија
СледнаСомнителни наоди за кардиолошки интервенции утврдени кај девет пациенти