Обвинителството вечерва излезе со детали за убиството во Битола. Според информациите оттаму, осомничениот откако се осигурал дека неговата поранешна вонбрачна жена со која имал четири деца е сама, влегол во ќуката и со нож ја убил на спиење.
Утрово, осомничениот ја лишил од живот неговата поранешна вонбрачна партнерка со која имал четири заеднички малолетни деца. Откако се осигурал дека нејзиниот татко не е во домот во кој живеела жената, осомничениот влегол во куќата додека спиела, се доближил до жртвата и и нанел десетина убоди со нож во телото, од кои таа веднаш починала, инфирмира Обвинителството. За осомничениот се бара мерка притвор.




