дома Локално Викендов облачно со дожд и ветер

Викендов облачно со дожд и ветер

Променливо облачно време со сончеви периоди на ден пред викендот. Наместа ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 12, а максималната од 20 до 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 24 степени.

За време на претстојниот викенд синоптичарите најавуваат слично време со локална нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

ПредходнаОбвинителството со детали за убиството во Битола
СледнаМицкоски во Кичево, ќе прави увид во инфраструктурни проекти