Променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе преовладува денес. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната од 17 до 23 степени.
Во Скопје, слично време со минимална температура до 10 и максимална до 21 степен.
Управата за хидрометеоролошки работи најавува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утре ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.




