дома Локално Завршени експропријациите на булеварот „Борис Трајковски“, пробиена речиси целата траса

Завршени експропријациите на булеварот „Борис Трајковски“, пробиена речиси целата траса

Пробиена е речиси целата траса на булеварот „Борис Трајковски“ од Пинтија до Драчево. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели се работи со засилено темпо и можно е според динамиката на работа проектот да биде завршен пред предвидениот рок.
– Ветив дека во мојот мандат ќе го довршиме. Но, само шест месеци од почетокот на мандатот, со силна волја, работа и посветеност, ги довршивме експропријациите, а за само две недели е пробиена речиси целата траса. Со тоа, конечно се отвора патот за реализација на овој долгоочекуван проект, кој премногу пати беше ветуван, а никогаш не беше завршен.
Со тоа, конечно се отвора патот за реализација на овој долгоочекуван проект, кој премногу пати беше ветуван, а никогаш не беше завршен, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.
Паралелно, на овој потег се изведува и комплетната фаза од хидротехниката, односно 610 метри атмосферска канализација.
– Оние 850 метри голгота, од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево, конечно заминуваат во минатото.
На нивно место ќе никне современ булевар со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, вели Ѓорѓиевски, кој денеска беше на увид во градежните активности.
ПредходнаЃорѓиевски: Има пропусти со отпадот, но набавуваме 40 камиони и 2.500 контејнери
СледнаЃорѓиевски i Мицкоски на традиционалната средба со ветераните на ВМРО-ДПМНЕ во „Пеленица“