На Водно денеска ќе се одржи 14. издание на манифестацијата „Прв до врв“ кој на едно место ги обединува и спортистите и рекреативците.
Предвидени се пет натпреварувачки категории – планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, E-Bike и Тим-билдинг трка за компании: Summit Run.
– Трките во велосипедизам ќе започнат во 9:45 часот од Музејот на град Скопје со летечки старт пред ОУ „Кочо Рацин“, додека планинското трчање и тим-билдинг трката ќе стартуваат директно пред училиштето во 10:00 часот. Патеките вклучуваат контролни точки кај полицијата, Средно Водно и пред целната линија на врвот, информираат организаторите.
Секој учесник што ќе ја заврши трката ќе добие финишер медал, а Шпаркасе Банка, како главен поддржувач обезбедува награден фонд од 1.000 евра за нови рекорди.




