Општина Центар вечерва со почеток во 19 часот ќе го оживее некогашното корзо. Настанот ќе почне од плоштадот „Македонија“ со прошетка низ старото скопско корзо, а ќе заврши во основното училиште „Димитар Миладинов“ каде ќе се одржи игранката.
Ќе прошетаме покрај Ристиќева палата, поранешниот хотел „Македонија“, „Кенан“, „Ванила“ и „Громби“ – местата каде што се создаваа најубавите спомени. Ќе се потсетиме на златните скопски времиња, кога корзото беше центар на светот, место каде што се раѓаа првите симпатии и љубови, а еден поглед значеше повеќе од илјада пораки на мобилен телефон“, вели градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.




