дома Македонија Архивите како активни чинители во зачувувањето на колективната меморија

Архивите како активни чинители во зачувувањето на колективната меморија

Под мотото „Отворени за светот: Архивите како активна сила за правдата, меморијата и иднината“ од денеска до 12 јуни се одбележува Архивската недела која го нагласува значењето на архивите како активни чинители во зачувувањето на
колективната меморија, заштитата на правата на граѓаните и градењето на иднината.

Годинашното мото ја истакнува потребата архивите да бидат
отворени, достапни и поврзани со заедницата, покажувајќи дека тие не се само чувари на минатото, туку и важен фактор во развојот на современото општество.

По тој повод, Државниот архив организира серија настани посветени на промоциј на архивското наследство и неговата достапност за јавноста.

Меѓународниот ден на архивите – 9 јуни, се одбележува секоја година во чест на основањето на Меѓународниот совет на архивите (ICA) во 1948 година, под покровителство на УНЕСКО.

ПредходнаСредба на високо ниво утре во Софија, средба на двете претседателки
Следна14 убиени во нови израелски напади низ јужен Либан