
„Операција Епски бес – не е ли тоа одлично име? Одлична е само ако победите. И ние победивме. Дозволете ми да ви кажам, победивме. Никогаш не сакате да кажете дека победивте прерано, но ние победивме. Победивме. Сè заврши во првиот час. Победивме“, рече Трамп на митинг пред 90 дена, фалејќи се со ефикасноста на американската воена операција.
Ветувања за брз договор наспроти реалноста на терен
Оваа изјава на Трамп во март совршено ја илустрира несовпаѓањето помеѓу пораките што доаѓаат од Белата куќа и реалната ситуација на Блискиот Исток. И покрај прогласувањето за „победа во првиот час“, конфликтот продолжи, а прекинот на огнот што САД и Иран го договорија со големи тешкотии на 8 април за деблокирање на Ормутскиот теснец и започнување на нуклеарните преговори сега е на работ на колапс.
Трамп со недели ја убедува јавноста дека долгорочен и историски договор со Иран е на дофат и дека е подготвен да се согласи со низа ирански барања за нормализирање на сообраќајот низ теснецот. Сепак, иако американскиот претседател ветува мир и преговори, на терен се случуваат прекршувања на прекинот на огнот. САД и Иран разменија удари најмалку четири пати од април, само за ситуацијата да излезе од контрола откако Израел директно се вклучи во конфликтот.
Денешниот напад на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) покажа дека ситуацијата е далеку од „завршена“. Рано утрово, Иран лансираше бранови ракети и камикази беспилотни летала врз американската воена база во Јордан и стратешкиот штаб на Петтата флота на САД во Манама, Бахреин.
Додека сирените се огласуваа во Бахреин и Кувајт, а воздушната одбрана пресретнуваше цели на небото, камерите во живо, исто така, снимија големи блесоци од правецот на американската поморска база во Бахреин.
Во исто време, серија експлозии одекнаа на иранска страна, по должината на Ормутскиот теснец (кај базите Бандар Абас и островот Кешм), што потврдува дека Блискиот Исток, наместо брзата победа на Трамп, влезе во фаза на отворена и неконтролирана регионална војна.
🚨 İran’dan fırlatılan bir füzenin Bahreyn’i vurduğu an. pic.twitter.com/1Trfh8WDLZ
— Kongar (@ultrarrow) June 10, 2026




