Во индустриската зона Жабени во Битола денеска компанијата Брејнчајлд ќе отвори фабрика каде ќе се произведува опрема за спортови на вода и ветер.
Фабриката се протега на површина од 3.500 метри квадратни, а во втората фаза во план е да се изгради уште една хала со дополнителни 2.500 метри квадратни.
Во моментот, во компанијата се вработени 226 лица.

Фабриката ќе биде отворена во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и сопственикот на фабриката Ралф Гросел.
Освен сериското производство во новоизградената фабрика во индустриската зона Жабени, лабораторијата во Битола ќе продолжи да функционира како центар за иновации, истражување и развој.
Брејнчајлд е компанија основана во Битола во 2020 година од
страна на Ралф Гросел – претприемач, иноватор и ентузијаст за адреналински спортови на вода и ветер. Ралф е креатор на брендот Брајнчајлд, кој е целосно посветен на воспоставување одржлив и еколошки одговорен производствен процес, со визија да се развие во оригинален производител на опрема (OEM) за спортови на вода и ветер, и тоа во Македонија.




