Општина Центар и ова лето обезбеди згрижување за деца од училишна возраст до 10-години во градинките, како поддршка за семејствата за време на распустот.
– Им излегуваме во пресрет на родителите кои поради работните обврски имаат потреба од згрижување на своите деца во текот на летото. Со оваа мерка им помагаме на семејствата полесно да се организираат, а на децата им овозможуваме едукативни и квалитетни содржини во нашите воспитно-образовни установи, вели градоначалникот Горан Герасимовски.
Згрижени се 116 деца во градинките „13 Ноември“, „Кочо Рацин“ и „Раде Јовчевски Корчагин“, каде го поминуваат времето во безбедна средина, преку разни активности прилагодени на нивната возраст.




