Населеното место Бардовци денеска ќе биде без вода поради реконструкција на пумпениот дел во хидрофорот Бардовци и поставување на нова пумпа.

А поради дефект на затворач на ул. Народен Фронт 21, прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците на дел од истата улица односно потегот од Дом на печатот до ул.Франклин Рузвелт и дел од ул.Васил Ѓорѓов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.




