Вториот ден од погребната церемонија за ајатолахот Али Хамнеи во Техеран започна денес пред стотици илјади собрани граѓани, објави АП.

Според агенцијата, на молитвите присуствуваа синовите на ајатолахот Али Хамнеи – Масуд, Мајсам и Мостафа.
На церемонијата присуствуваше и командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), Ахмад Вахиди, објави Ал Џезира.
Како што објавија медиумите, врховниот верски водач на Иран и син на покојниот ајатолах, Моџтаба Хамнеи, изрази желба да присуствува на погребот на својот татко на 9 јули во шиитското светилиште на Имам Реза во градот Машхад, изјавија денес за „Њујорк тајмс“ два неименувани извори од ИРГЦ запознаени со погребните аранжмани.
Според двата извори, безбедносните сили досега ја отфрлија идејата, плашејќи се дека Израел може да се обиде да го убие Хамнеи за време на церемонијата или да го следи до неговото скривалиште, објавува „Тајмс оф Израел“. Моџтаба Хамнеи беше ранет во нападот во кој беше убиен неговиот татко и никогаш не се појави во јавноста откако беше назначен за нов врховен верски водач на Исламската Република во март, а неговото здравје беше предмет на многу шпекулации.




