дома Македонија Пожар во Кисела Вода, пукотници најверојатно од електрична енергија

Пожар во Кисела Вода, пукотници најверојатно од електрична енергија

Пожар попладнево избувна во објект на Јужен булевар во Кисела Вода. Од запалениот објект се слушнаа пукотници, најверојатно од електрична енергија.

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека се работи за магацин или друг простор.

На терен веќе интервенира Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.

Црниот чад се гледа од повеќе делови на градот.

 

ПредходнаПиво направено по рецептот на првиот американски претседател повторно се точи по речиси 270 години