Град Скопје ќе донира 1.2 милиони денари за справување со последиците од разорниот земјотрес што ја погоди Венецуела.
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски ја сподели информацијата на Фејсбук навраќајќи се на разорниот земјотрес во Скопје во 1963 година кога градот се изгради повторно со солидарност и помош.
– Скопје многу добро знае што значи болка по разорен земјотрес. Нашиот град ја носи таа лузна длабоко во својата историја, но ја носи и најсилната порака, дека кога е најтешко, човечноста мора да биде најгласна. По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, Скопје не остана само. Светот подаде рака, народи од сите континенти помогнаа градот повторно да се роди од урнатините, а меѓу првите земји кои застанаа со помош и солидарност беше токму Венецуела. Тоа Скопје не го заборава. Токму затоа, денес, кога народот на Венецуела се соочува со последиците од земјотресот, Град Скопје возвраќа со човечност, почит и поддршка, пишува во објавата на Ѓорѓиевски.




