дома Локално По дождот сонце и ветер до крајот на денот

По дождот сонце и ветер до крајот на денот

Најмногу дожд во изминатите 24 часа, заклучно со 8:00 часот утринава, наврнал во Велес, каде се измерени 8 литри на метар квадратен, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

 .

Според податоците на УХМР, 6 литри на метар квадратен се измерени на Попова Шапка, 5 во Штип, по 3 во Скопје-Петровец, Тетово и Маврови Анови, по 2 во Скопје-Зајчев Рид, Виница, Кавадарци, Демир Капија и Пожаране, а по 1 литар во Прилеп и Берово.

Од УХМР нагласуваат дека поради локалниот карактер на врнежите, количеството на дожд може значително да се разликува од место до место, па во одредени подрачја да биде и многу поголемо од официјално измереното.

Според прогнозата, денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието повремено ќе засилува и ќе достигнува брзина до 50 километри на час.

Дневната температура ќе се движи од 27 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер, кој повремено ќе засилува во делови од котлината. Максималната температура ќе достигне до 33 степени.

 

ПредходнаАвтобус прегази мотоциклист – Тешка несреќа утрово во Скопје
СледнаПетровска до Меланија: Нема да дозволиме оваа битка да ја водите сами