дома Магазин Почина Горан Булатовиќ Манза, еден од основачите на „Партибрејкерс“

Почина Горан Булатовиќ Манза, еден од основачите на „Партибрејкерс“

Тапанарот и еден од основачите на бендот „Партибрејкерс“, Горан Булатовиќ Манза, почина на 67-годишна возраст, потврди бендот на својот официјален профил на Фејсбук.

– Последен поздрав до Манза, основачот на „Партибрејкерс“. Беше неповторлив. Еден од двајцата што влијаеја на моето растење. Ти благодарам за сè! Групата „Партибрејкерс“ – напишаа во објавата.

Белградската група „Партибрејкерс“ е основана во 1982 година од Зоран Костиќ Цане како вокалист, Горан Булатовиќ Манза како тапанар и Небојша Антон Антон и Љубиша Костадиновиќ како гитаристи.

 Тие првпат настапија на 4 октомври 1982 година во Дадово како предгрупа за „Фифтис“, по што следеа бројни настапи.

Манза со „Партибрејкерс“ го сними нивниот истоименуван деби-албум од 1985 година, во кој беа вклучени песните „Хиљаду година“, „Она живи на брдо“, „Улични ходач“, „Вечерас“ и други, по што го напушта бендот.

ПредходнаСилна бура ја погоди југозападна Германија, одземајќи еден живот
Следна📷 ВИП ложата во пламен: Позната актерка за возрасни го привлече вниманието на Светското првенство