Незапаметените пожари продолжуваат да беснеат низ Франција и Шпанија, принудувајќи стотици илјади луѓе да се евакуираат додека пламените јазици се приближуваат кон Бордо и Мадрид. Повеќе од 270.000 луѓе се евакуирани во Франција и Шпанија.

Во Франција, пожарот што беснее од среда во департманот Жиронд достигна „невидени размери“ и се шири кон пошироката област на Бордо.
Администрацијата на францускиот регион Жиро синоќа нареди нови евакуации во областа Бордо поради обновеното интензивирање на пожарот што ја пустоши областа од среда.
Евакуацијата се однесува на неколку населби во градовите Маршприм и Сестас, помалку од 30 километри југозападно од Бордо. Според противпожарната служба SDIS 33, пожарот повторно влегол во фаза на зголемен интензитет. Пожарот создава свој ветер и вирови, што го прави непредвидлив и многу тежок за локализирање.

Командантот на шпанската воена единица за вонредни ситуации, Франциско Хавиердо, на прес-конференција изјави дека дошло до „техничко“ спојување на пожарите во Авила и Мадрид во областа Сан Мартин де Валдеиглесијас.
Според него, поврзаната зона е долга околу 14 до 15 километри.
„Постојат повремени точки на фузија, но не е толку силна фузија бидејќи успеавме да ја спречиме. Го браниме местото веќе три дена“, рече тој.
⚡️🔥 RECAP | Le feu en Gironde en 4 jours :
Mercredi → petit départ de feu
Jeudi → milliers de personnes évacuées
Vendredi → 110 000 personnes doivent fuir
Samedi → le feu avance vers BordeauxL’armée est maintenant en renfort.
Les vidéos sont impressionnantes et… pic.twitter.com/QpxjaN09pI
— AlertesNewsFR (@AlertesNewsFR24) July 25, 2026
Пожарот што се движи кон Мадрид и оној во Авила сè уште се надвор од контрола. Тие опустошија илјадници хектари земја, а пожарникарите сè уште се борат со пожарот на повеќе фронтови.
Особено е тешко во областите каде што силните и променливи ветрови го отежнуваат гаснењето и го шират чадот кон населените места. Екипите на шпанската јавна телевизија беа во некои од погодените општини, каде што жителите се евакуирани, а службите се обидуваат да спречат понатамошно ширење на пожарот.
Шумските пожари што ја зафатија југозападна Франција се едни од најлошите во нејзината историја. Пожарите се активни на неколку места, изгорени се 98.000 хектари земја, а речиси 200.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови.
Пожарот сега е многу блиску до Бордо. Француските власти распоредија невидени ресурси за борба против најлошиот пожар во земјата од 1949 година, исто така во регионот Жиронд. Тогаш загинаа 82 лица.

Поради ширењето на пожарот во близина на Бургохондо, евакуирани се уште осум места во шпанската покраина Авила.
Тоа се градовите Буенавентура, Наваморкуенде, Ел Реал де Сан Висенте, Хинохоса, Кастиљо де Бајуела, Гарсиотум, Нуњо Гомез и Пелаустан.
Вкупно, денес беа евакуирани повеќе од 20 општини во Авила.




