дома Свет Финска повика на исклучување на Шпанија од Шенген зоната поради случувањата во...

Финска повика на исклучување на Шпанија од Шенген зоната поради случувањата во Сеута

Финската министерка за внатрешни работи Мари Рантанен во објава на социјалните мрежи повика Шпанија да биде исклучена од Шенген зоната поради ситуацијата со мигрантите во шпанскат енклава Сеута, која граничи со Мароко.

„Шпанија доживаа целосен успех во заштитата на надворешната граница на Шенген зоната од нерегуларна миграција. Ова не може да продолжи. Земјите што не ја исполнуваат својата должност да ја чуваат надворешната граница не можат да бидат членки на Шенген“, наведе Рантанен во објавата на Икс.

Рантанен, која доаѓа од екстремната десничарска партија Вистински Финци, оцени дека ситуацијата со „инвазија на мигранти“ во Сеута покажува „апсолутен неуспех“ на шпанската миграциска политика.

Холандија и Франција бараат заштита на Шенгенските граници

Претходно и италијанската премиерка Џорџа Мелони изајви дека и Рим размислува да побара исклучување на Шпанија од Шенген.

Холандскиот министер за надворешни работи Том Берендсен во објава на Икс порача дека очекува Шпанија да „стори што е потребно“ за да ги заштити надворешните граници на Европската Унија. Дополнително, тој го повикува Мароко да ги преземе потребните мерки за спрелување на „загрижувачките случувања“ во Сеута.

Шефот на француската дипломатија Лоран Нуњез најави дека Франција планира да ги заостри контролите на границата со Шпанија.

„Вчера разговарав со мојот шпански колега, денес треба повторно да разговараме“, изјави Нуњез за француското радио РТЛ.

„Ел Паис“: Мигрантите почнаа да се враќаат во Мароко

Шпански весник „Ел Паис“ објави дека миграцискиот тек на границата помеѓу Мароко и шпанската енклава Сеута го смени правецот.

Додека илјадници луѓе се обидуваа да влезат во Шпанија во последните неколку часа, многу мигранти сега се враќаат во Мароко. Мароканските и шпанските безбедносни служби ги придружуваат луѓето и ги извлекуваат пливачите од водата. Други пак ја преминуваат копнената граница пеш, наведува весникот.

Во меѓу време, шпаниската Влада соопшти дека испраќа нови полициски засилувања во Сеута, вклучувајќи и нуркачи и брод.

Во наредните часови, неколку десетици жандарми и полицајци од Цивилната гарда ќе бидат испратени во Сеута, вклучувајќи и осум нуркачи, брод и беспилотни летала, инфромира шпанското Министерството за внатрешни работи.

Илјадници мигранти се обидоа преку Сеута да влезат во ЕУ, најмалку 18 мртви

Илјадници мигранти се собраа минатата ноќ во мароканскиот град Фнидек во обид да влезат во Сеута. И покрај зголемените безбедносни сили кои ги спречија повеќето обиди, границата е под голем притисок. Според шпанската државна телевизија ТВЕ, помеѓу 2.000 и 3.000 луѓе успеале да влезат во Сеута, а жителите на Фнидек велат дека повеќето ја преминале пред пладне, пренесува Ројтерс. Според агенцијата ЕФЕ, најмалку 18 лица загинале во мигрантската криза. Мароканските власти досега не објавиле официјални податоци за бројот на загинати или вкупниот број обиди за преминување на границата.

Сеута и Мелиља, два шпански автономни региони, ја претставуваат единствената копнена граница на Европската Унија со Африка и се редовна цел за мигрантите кои се обидуваат да стигнат до Европа.

Кризата се прошири и во Мелиља, каде што граничниот премин Бени Ензар е затворен поради обиди за нелегален влез. Обиди за премин се регистрирани и на други делови од границата, што доведе до распоредување на дополнителни шпански сили.

Иако граничниот премин беше блокиран, групи мигранти се движеа по должината на брегот, обидувајќи се да ја заобиколат оградата, а некои се подготвуваа да допливаат до енклавата. Многумина купуваа гуми и друга опрема за пливање преку ноќ.

„Доцнам“, рече 32-годишниот Брахим, кој пристигна од Тангер. Тој рече дека се надевал дека ќе влезе низ вратата, но ја нашол затворена.

На мароканската страна од границата, властите употребија водени топови и зголемена безбедност на пристапите за да ги потиснат луѓето што се обидуваа да се приближат. Остатоците од запален автобус и седум други возила останаа во близина на преминот како резултат на судирите што избувнаа додека полицијата се обидуваше да ја контролира толпата. Немаше повредени во пожарот во автобусот.

Мароко ги засили контролите на патиштата, железничките станици и во граничната зона за да го намали протокот на луѓе кон северниот дел од земјата. И покрај ова, илјадници луѓе, претежно млади, продолжуваат да се собираат околу Фнидек. Меѓу толпата што се надеваше дека ќе влезе во градот со 85.000 жители имаше жени и деца, и од Мароко и од подсахарска Африка. Еден од мигрантите рече дека се нашол во средина на стампедо.

„Се плашев за мојот живот“, рече тој, зборувајќи под услов да остане анонимен. Тој го опиша хаосот на тесниот крајбрежен пат, каде што луѓето панично се газеа едни преку други.

Гласината го поттикна доаѓањето на луѓето

Жителите на пограничната област велат дека меѓу младите се раширила гласина дека Шпанија ја отворила границата за влез без документи. Ова дополнително го охрабрило пристигнувањето на луѓе кон Сеута. На море, мароканските помошни сили не успеале да го спречат континуираниот проток на луѓе кои се обидувале да пливаат околу брегот и да стигнат до граничниот бранобран во Сеута.

Локалните медиуми проценуваат дека сегашната криза би можела да ја надмине онаа од 2021 година, кога околу 10.000 мигранти влегоа во Сеута за време на дипломатските тензии меѓу Мадрид и Рабат.

Блокирани на патот кон Европа

Патиштата до Фнидек беа преполни бидејќи постојано пристигнуваа нови луѓе, вклучувајќи и малолетници. Некои одеа по автопатот до доцна во ноќта, додека други користеа планински патеки за да ги избегнат полициските проверки.

Безбедносните сили се бореа со групите што се обидуваа да ја пробијат блокадата во текот на целата ноќ, додека мигрантите повторно се собираа на патиштата и отворените простори низ градот. Рано наутро во петокот, 23-годишната Фатима Махли седеше со своите две ќерки на тревата покрај патот. Таа живее во блискиот Тетуан и вели дека нејзиниот сопруг заминал пред зори за да се обиде да доплива до Сеута.

„Мислев дека ќе можеме да ја преминеме границата пеш, но сме заглавени и не можеме да се вратиме дома. Се надевав дека ќе поминеме како семејство, но мојот сопруг замина рано наутро и се обиде да преплива“, рече таа.

Договорено е забрзано враќање на мигрантите

Шпанија и Мароко се согласија да го забрзаат враќањето на луѓето кои нелегално влегле во Шпанија, но договорот сè уште не го намали притисокот на границата. Шпанскиот премиер Педро Санчез треба да ја посети Сеута во петок со министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка за да ја проценат ситуацијата и да го координираат одговорот на властите.

Претседателот на Сеута, Хуан Хесус Вивас, повторно го повика Мадрид да прогласи национална вонредна состојба, велејќи дека досегашниот одговор на централната влада е недоволен. Акциите на шпанската социјалистичка влада се издвојуваат во европски контекст. Неодамна беше започната програма за регулирање на статусот на околу 500.000 нелегални мигранти, при што аплицираа двојно повеќе луѓе.

Предходна(ВИДЕО) Доволна е само искра за катастрофален пожар, Ангелов со апел до граѓаните
СледнаБројот на заболени од западно-нилска треска расте, тројца во критична состојба