Сите гранични премини кон Македонија се отворени, а затворен е само граничниот премин Прохор Пчињски од страна на Србија. 
Како што соопштија српските медиуми, причината е денот на државноста на Северна Македонија.
Инаку во манастирот каде што се наоѓа преминот Прохор Пчињски, е одржано првото заседание на АСНОМ, каде тогаш на заедничката територија на СФРЈ, е прогласена државноста на Македонија. Таму за време на СФРЈ се одржуваше главната прослава, покрај Крушево, на државноста на Македонија , бидејќи таму се наоѓаше спомен собата на АСНОМ. Тој, историски и музејски експонат се посетуваше од граѓани и државни официјални делегации на Македнонија. Во тогашна СФРЈ граѓаните правеа излети и манастирот беше преполн , како ден за славење на македонски Илинден и воедно и св Илија како верски празник.

По распадот на СФРЈ, Србија и политиките на Слободан Милошевиќ , кои на повеќе начини се обидоа да ја оспорат државноста ан Македнија го блокираа славењето па имаше ставање, вадење на спомен плочата, катанци на спомен собата, Шешељовски четници, па Вучиќеви поданици и се така по ред, но за граѓаните до ден денес остана забраната, а посета на државни делегации во зависност од потребите на Србија.
Така Македонија го направи споменикот на Пелинце, само на неколку километри од манастирот, и ја пренесе спомен собата, како симбол на чествувањето на македонската државност
Историски гледано на четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски кај Куманово, 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамки на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто.

Заседанието усвоило неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија.
Пријателска или како велат бртаска Србија , како што јавија медиумите, денеска го затвори овој граничен премин, каде и нема толку многу посетители, ама за секој случај.
Македонија го празнува Илинден. 2 Август – денот на државноста




