дома Локално Пеколна недела во Македонија, температури околу 40 степени

Пеколна недела во Македонија, температури околу 40 степени

Топлото време со максимални температури до 40 степени почнува од денес и ќе трае до крајот на оваа недела.

Синоптичарите за денеска најавуваат минимални температури од 10 до 20 и максимални од 33 до 40 степени.

Во Скопје, утринската температури ќе достигне до 17, а максималната до 38 степени.

Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

ПредходнаКако да се поставите откако вашето дете ќе замине на студии
СледнаДанска воведува нова 11-месечна воена служба