дома Свет Европа на удар на топлиот бран: Црвен метео аларм во Италија, рекордни...

Европа на удар на топлиот бран: Црвен метео аларм во Италија, рекордни 41,2 степени измерени во Австрија, суша во Унгарија…

По рекордните горештини и разорни шумски пожари во Франција и Шпанија, топлотниот бран се помести кон исток зафаќајќи ги средна и јужна Европа. Италија прогласи црвен метоо аларм, Австрија измери рекордно високи температири, Унгарија ја намалија потрошувачката на електрична енергија поради недостигот на вода и сушата.

Во повеќе делови на Италија, пред се во поголемите градски средини, денеска е прогласњн црвен метео аларм поради горештините, при што температурите во некои области достигнуваат и до 40 степени Целзиусови.

Жештината го принуди Ватикан да ја премести првата неделна општа аудиенција на папата Лав по јулската пауза во затворен простор наместо на плоштадот „Свети Петар“.

Во австрискиот град Бад Дојч-Алтенбург, во близина на границата со Словачка, денеска беа измерени рекордни 41,2 степени Целзиусови, што претставува досега највисока регистрирана температура во Австрија. Според националната метеоролошка служба ГеоСфера Австрија, новиот рекорд е постигнат само еден ден по претходниот од 41,0 степени Целзиусови, измерени вчера во Виена.

Во Унгарија, компанните и домаќинствата ја намалија потрошувачката на електрична енергија по апелите на владата за намалување на притисокот врз мрежата поради силната суша. Во унгарскиот главен град Будимпешта денеска попладне температурите се доближија до 40-от степен, а врвот на топлотниот бран се очекува во следните два дена.

Поради намалување на нивото на водата во Дунав, Унгарија го намали производството на стрија во својата единствена нуклеарна централа што користи речна вода за ладење, предизвикувајќи енергетска криза.

Поради екстремно високите температури и ниското ниво на водата во реката Сава и нуклеарната централа „Кршко“, која ги снабдува со струја потрошувачите во Словенија и Хрватска, денеска соопшти дека во текот на претстојнава ноќ ќе започне со намалување на моќноста на реакторот. Предвидено е нуклеарката да го намали производството до 80 отсто од капацитетот.

Топлото време придонесе и нивото на водата на реката Рајна во Германија да достигна ново најниско ниво, поради што некои речни транспортни услуги беа прекинати, додека други продолжија со значително помалку товар.

Во Албанија, пак, голем шумски пожар избувна во јужниот регион Малакастер.

ПредходнаЈапонија избира втор главен град: Еве ги опциите
СледнаВо тек е истрага за приближувањето на комерцијален авион кон хеликоптерот на Трамп