дома Бизнис Нов украински напад врз „рускиот Амазон“: Дронови паднаа на покривот на центарот...

Нов украински напад врз „рускиот Амазон“: Дронови паднаа на покривот на центарот (ВИДЕО)

Најголемата руска компанија за онлајн трговија „Вајлдберис“ денеска соопшти дека уште нејзиниот логистички центри во Екатеринбург, на околу 1.400 километри источно од Москва, бил цел на украински напад со дронови, при што во објектот избувнал пожар.

Ова е последен од серијата украински напади врз објекти на компанијата „Вајлдберис“, позната како „руски Амазон“ во изминативе недели.

Пожарот бил ставен под контрола, а поголемиот дел од стоката во магацинот не беше оштетена, информира компанијата.

Локалните власти соопштија дека синоќа над регионот биле соборени осум дронови, од кои три паднале на покривот на логистичкиот центар на „Вајлдберис“.

Ова е последен од серијата украински напади врз објекти на компанијата „Вајлдберис“, позната како „руски Амазон“, што започнаа кон средината на јули во неколку руски региони. Од 18 јули, беа нападнати најмалку 20 магацини на „Вајлдберис“ ширум Русија.

Киев ги обвинува „Вајлдберис“ дека е дел од синџирот на снабдување на руската војска, додека Москва и компанијата ги отфрлаат овие тврдења, наведувајќи дека погодените објекти се чисто цивилни цели. Компанијата ги нарече украинските напади „терористички акти“.

„Вајлдберис“ е најголемата компанија за е-трговија и онлајн платформа во Русија, која има околу 200 логистички објекти низ цела Русија, а своите операции ги прошири и во Белорусија, Казахстан, Киргистан, Ерменија, Узбекистан и Грузија.

Според податоците за 2024 година, „Вајлдберис“ држеше 47 проценти од рускиот пазар за интернет платформи, пред компанијата „Озон“ со удел од 35,5 проценти. Во 2025 година, вредноста на продадените стоки на „Вајлдберис“ достигна 6,1 трилион рубљи (околу 76 милијарди долари), што е зголемување од 49 проценти во споредба со претходната година, додека нето добивката изнесуваше 175 милијарди рубљи (околу две милијарди долари).

ПредходнаНајмалку седум загинати при напад во училиште во Тајланд (ВИДЕО)
СледнаНад 4.000 заразени со ебола во ДР Конго, починале 1.850 лица