
Јужна Кореја денеска презентираше амбициозна технолошка стратегија заснована на седум клучни проекти – од нуклеарна енергија и квантна кибернетика, до истражување на Вселената и биотехнологија. Земјата има за цел да обезбеди нови извори на економски раст што одат подалеку од полупроводниците и вештачката интелигенција.
Иницијативата, наречена „Седум приоритети“, беше промовирана на состанок во Сината куќа со кој претседаваше јужнокорејскиот претседател Ли Џе-Мјунг.
Планот вклучува неколку главни цели: комерцијална употреба на домашни мали модуларни реактори до 2035 година, слетување на Месечината до 2030 година, развој на сопствен квантен компјутер до 2029 година и комерцијализација на технологијата за поврзување меѓу мозокот икомпјутерот до 2035 година.
Јужнокорејскиот министер за наука Бае Кјунг-хун објасни дека седумте проекти вклучуваат мали модуларни реактори, фузиска енергија, обновлива енергија од следната генерација, квантна технологија, Вселена и авијација, напредна биотехнологија и синџири на снабдување со клучни минерали и материјали.
Стратегијата беше претставена во време кога Јужна Кореја се подготвува за побавен долгорочен економски раст и зголемена глобална конкуренција во развојот на нови технологии. Владите ширум светот сè повеќе ги сметаат овие технологии како клучни не само за економската конкурентност, туку и за националната безбедност.
„Ние ќе им помогнеме на овие проекти да развијат и изградат Јужна Кореја на која никој нема да може да се спореди за десет или дваесет години“, рече министерот за наука Бае Кјунг-хун.




