дома Свет Руски суд ги казни Гугл и Телеграм

Руски суд ги казни Гугл и Телеграм

Окружен суд од Москва денеска им изрече казни на Гугл и Телеграм во вкупна вредност од околу 270.000 евра поради неотстранување на содржини чие обиајување е забрането во Русија.

Судот пресуди дека платформите не го почитувале законот што бара отстранување на забранета содржина.

Телеграм е казнет со 18,4 милиони рубљи (околу 191.000 евра), додека Гугл мора да плати 7,6 милиони рубљи (приближно 79.000 евра).

Ова не е првпат руските власти да санкционираат странски интернет платформи. Инстаграм, Јутјуб, Икс и ТикТок претходно беа казнети за „неотстранување на илегална содржина“ и „непочитување на домашните закони“.

Во исто време, и натаму е во сила забраната за пристап до Телеграм од територијата на Русија.

ПредходнаЈавното обвинителство започна истрага за загадувањето со отпад кај Рашче
СледнаГерманско здружение ја тужи Мета поради паметните очила