дома Свет Техеран: Нема договор за продолжување на прекинот на огнот меѓу Иран и...

Техеран: Нема договор за продолжување на прекинот на огнот меѓу Иран и САД

Иран и САД не разговарале за продолжување на привремениот прекин на огнот, бидејќи Техеран верува дека претходно постигнатиот договорот практично и не стапил во сила, па затоа и нема основа тој да биде продолжен, изјави неименуван висок ирански претставник.

Неговите коментари следеа по медиумските извештаи, базирани на извори од пакистанската Влада, дека Техеран и Вашингтон наводно се согласиле за продолжување 60-дневниот прекин на огнот прогласен со привремениот договор потпишан во јуни.

Договорот предвидуваше „итно и трајно прекинување на воените операции на сите фронтови“, но набрзо пропадна.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот е „завршен“ на 7 јули, а иранското Министерство за надворешни работи една недела подоцна соопшти дека тој е „суспендиран“.

„Нема дискусија за негово продолжување, бидејќи од перспектива на Иран, нема термин кога тој започнал и затоа нема што да се продолжи“, рече иранскиот претставник.

Тој ги обвини САД дека го прекршиле привремениот договор 48 часа откако бил постигнат и дека се повлекле од него неколку дена подоцна.

Рокот од 60 дена во спогодбата се однесуваше на период во кој Иран и САД требаше да постигнат конечен договор за ограничување на иранската нуклеарна програма и укинување на американските санкциите.

Според ирански извори, меѓу условите што ги дискутираат медијаторите како неопходни за продолжување на преговорите, се прекин на огнот во Либан, слободна пловидба во Персискиот Залив и исклучоци што би му дозволиле на Иран да продава нафта.

„Едно од прашањата што ги дискутираат медијаторите е враќањето на САД кон привремениот договор и дефинирање временска рамка за спроведување на обврските. Нема апсолутно никаков напредок по ова прашање“, посочија истите извори.

ПредходнаАвтомобил на водород оствари брзина од 654 километри на час (ВИДЕО)