дома Свет Американски чип со вештачка интелигенција пронајден на нова руска крстосувачка ракета

Американски чип со вештачка интелигенција пронајден на нова руска крстосувачка ракета

Украинската воена разузнавачка служба Главниот директорат за разузнавање (ХУР) соопшти дека на остатоци од нова руска крстосувачка ракета С-71М пронашле американски чип со вештачка интелигенција од хардверската компанија   „Енвидија“.

Како резултат на ово чип, според украинските разузнавачи, ракетата има мал моќен компјутер со вештачка интелигенција кој може да анализира снимки од камерата на проектилот во лет.

Пренесувајќи го соопштението на украинската воена разузнавачка служба, медиумите подсочуваат дека е нејасно како Русија успеле да се здобие со овој тип американска технологија, кога таа е опфатена со западните санкции кон Москва поради инвазијата врз Украина.

С-71M е нов тип руска крстосувачка ракета, чие масовно проиизводство почна во 2025 годна, и таа може да се лансира од воздух, односно не се истрелува од лансер на земја, туку од авион или дрон во лет.

Разузнавачите на ХУР во една од тие ракети откриле компјутер „Енвидија Џетсон Орин“, кој, според нив, може да се користи за обработка на слики од камерата и да помага во наведување на проектилот.

Чипот беше открине како дел од поширока истрага од ХУР, во чии рамки биле идентификувани вкупно 35 странски електронски компоненти во руско оружје.

Покрај модулот „Џетсон Орин“, идентификуваните предметите вклучуваат делови од радарски наведувани системи во дроновите Геран-2 и ракетата Кинжал, како и кинеска камера пронајдена во беспилотниот летало Геран-4.

Според ХУР, ова истражување покажува дека Русија сè уште не успеала целосно да ги замени странските високотехнолошки компоненти со домашни алтернативи. Затоа е важно да се спречи таква технологија да завршува во руско оружје, посочуваат украинските разузнавачи.

„Откривањето на „Енвидија Џетсон“ во нова руска ракета уште еднаш покажува дека е потребен поголем притисок со санкции и дека слободниот свет мора подобро да ги координира своите напори“, соопшти ХУР.

Од 2022 година, Западот се обидува да ја спречи Русија да се снабдува со напредна технологија од странство, која би можела да се користи за производство на прецизно оружје и напредни дроново. Меѓутоа, откритието на ХУР покажува дека Русија сè уште успева да ги заобиколува санкциите и да вклучи модерната западна технологија во своите системи за оружје.

ПредходнаПатници презедоа контрола над воланот на автобус откако возачот се онесвестил (ВИДЕО)
СледнаДолгорочната каматна стапка во Белгија достигна највисоко ниво од 2012 година