
Авиокомпании како „Луфтханза“ и земји како Јужна Кореја веќе почнаа да воведуваат ограничувања за употребата на пауер бенk-ап во авионите, по инциденти како пожарот во авионот на „Ер Бусан“ во 2025 година.
Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) додаде во соопштение дека дури и полнењето на преносни батерии за време на летовите ќе биде забрането.
ИКАО, агенција со седиште во Монтреал, обично поставува стандарди за воздухопловство кои најчесто се ратификувани од 193-те земји-членки на ОН, но новите спецификации поврзани со преносните батерии стапуваат на сила веднаш, истакнува Ројтерс.




