дома Македонија Детали од убиството во Гостивар – синот сакал да ги прикрие трагите

Детали од убиството во Гостивар – синот сакал да ги прикрие трагите

Синот кој го уби својот татко во Гостивар сакал да ги прикрие трагите. Обвинителството денеска излезе со морничави детали дека откако го убил татка си, го измил неговото тело и го подготвувал за погреб.
Случајот е откриен од страна на случаен минувач кој се јавил во полиција.
   Синот на возраст од 33 години по вербалната расправија со татка си почнал да го удира со раце и со тешки метални предмети нанесувајќи му тешки повреди.
За осомничениот се бара мерка притвор поради ризикот од бегство, опасноста да влијае врз сведоците и да ги прикрива трагите.

ПредходнаПесна за Голема Албанија емитувана на МРТ, утре ќе се утврдува чија е одговорноста
СледнаНад 25.000 слободни места за упис во средно