На интернет кружат голем број видеа на од екраните за навигација на автомобилите на „Тесла“ на кои одеднаш се појавуваат човечки фигури, иако во реалноста таму нема апсолутно никој. Кога таквта „визија“се случува во близина на гробишта, многумина се прашуваат дали „Тесла“ можеби гледа повеќе од нас и дали можени да гледа духови?
Многу корисници на социјалните мрежи се сомневаат дека станува збор за т.н. „скриени изненадувања“, односно шеги што инженерите на „Тесла“ ги кријат во софтверот на автомобилот и се првенствено наменети да го направат искуството на возење позабавно за купувачот.
На пример, видеата што ги објавуваат корисниците покажуваат како може да се пуштаат звуци на „пуштање гасови“ од одредени седишта. Дополнително, се појавуваат и референци за телевизиски серии како „Рик и Морти“ и „Летечкиот циркус на Монти Пајтон“. Па, дали духовите на екранот можеби се исто така такво „скриено изненадување“?
„Тесла“ нема обичај да ги признава овие скриени додатоци откако ќе бидат откриени, сепак во овој случај негира дека станува збор за таква „симпатична ситница“.
„Покрај безбедноста, која ни е највисок приоритет, нашата цел навистина е да го направиме возењето на „Тесла“ што е можно позабавно. Развиваме функции што го подобруваат времето поминато во возилото, како што се игри, видеа, „скриени изненадувања“ и многу повеќе. Но, намерното прикажување силуети во близина на гробишта, не е дел од тоа“, изјави портпарол на „Тесла“.
Сепак, работата не е толку мистериозна
Па, што е тогаш во прашање? На веб-страницата на компанијата се наведува дека нејзините системи не секогаш правилно ги препознаваат сите објекти и дека, поради тоа, може да дојде до „погрешни детектирања“.
Според „Тесла“, објаснувањето за духовите е едноставно. Системот им доделува човечка форма на пречки што не може соодветно да ги процени. На тој начин, тој се обидува да му даде максимално предупредување на возачот, осигурувајќи дека тој ќе остане дополнително внимателен.
„Ова е нормалното однесување на системите за перцепција на „Тесла“. Автомобилот секогаш ѝ дава предност на безбедноста и претпочита да даде предупредување прерано, отколку предоцна“, вели портпаолот.
Што велат експертите?
Според експертите, тврдењата на компанија „Тесла“ дека не станува збор за „скриено изненадување“, туку се работи за погрешни детекции, е технички веродостојно објаснување.
Имено, „Тесла“ речиси целосно се потпира на камерите, познати и како „Тесла Вижн“, за откривање на објекти. Сликите потоа се анализираат од невронски мрежи, односно форми на вештачка интелигенција, кои учат да препознаваат обрасци во големи количини на податоци. Врз основа на тоа, системот се обидува да процени што гледа на патот или во околината, како на пример автомобил, пешак, сообраќаен знак или друг објект.
Системот тогаш прави проценка за тоа што најверојатно го гледа и како резултат на тоа понекогаш може да класифицира некој објект како пешак, иако во реалноста не се гледа човек.
Таквата грешка се нарекува „лажно позитивен резултат“ и од безбедносен аспект навистина може да биде пожелно да се детектира потенцијален пешак во случај на сомнеж, отколку воопшто да не се види ништо.
Исто така, покрај гробишта, системот може да не успее правилно да идентификува одредени објекти и затоа да ги прикаже како човечки силуети. Надгробните споменици, плочи или статуи можат да имаат визуелни човечки карактеристики, што предизвикува софтверот да ги препознае како луѓе и да даде „лажно позитивен резултат“.

