На територија на државата има активни седум пожари, а еден е под контрола. Центарот за управување со кризи утрово информира дека до 07:30 часот биле регистрирани вкупно 46 пожари.
Активни се пожарите кај месноста „Над Боровите“ поточно крак кон с. Татар Елевци и Кораб и крак кон с. Бањиште во општина Дебар, кај селото Јаболчиште во општина Чашка, кај селото Стрима во општина Липково, над Боговинско Езеро на Шар Планина, на депонијата Краста во Куманово, кај селото Добровени во општина Новаци и меѓу селата Белчишта и Лешани во општина Дебарца

