Овогодишната Нобелова награда за економија им припадна на Американците Роберт Хол и Мајкл Вудфорд за нивното истражување на микроекономските основи на макроекономската стабилизација.
Истражувањето на Хол и Вудфорд покажа дека макроекономските модели стануваат посилни кога поаѓаат од однесувањето на поединечните домаќинства и претпријатија. Нивната работа сè уште претставува важна основа за современата економска политика.
Како што Жирито при Кралската шведска академија на науките, наградата им се доделеува на Хол и Вудфорд за нивната работа на тоа „како монетарната и фискалната политика можат да помогнат во стабилизирањето на економските флуктуации“.
„Работата на лауреатите ни обезбеди стабилна теоретска основа за моделите што сега ги користат централните банки и владите ширум светот“, се вели во соопштението.
Според претседателпт на Жирито, Џон Хаслер, благодарение на работата на Хол и Вудворд „подобро сме подготвени да се справиме со економските шокови, како што се енергетските кризи или ненадејните промени во потрошувачката на домаќинствата“.
За време на нафтените кризи во 70-тите години на минатиот век, постоечките кејнзијански модели што долго време се користеа за одредување кога и како треба да се спроведат мерки за справување со рецесии или други економски флуктуации, престанаа да функционираат.
Тоа ги поттикна Хол и Вудфорд да развијат нови алатки за разбирање на тоа кои политички одговори би биле најефективни.
„Наместо да ги засноваат моделите на статистички врски меѓу макроекономските променливи, како што се инфлацијата, производството и потрошувачката, тие одлучија да ги изградат врз микроекономска основа. Ова опфаќа разбирање за тоа како вкупната маса на поединечни домаќинства и бизниси влијае врз економијата преку нивните постапки“, соопшти Жирито на Академијата.
Наградата официјално се нарекува „Награда на Шведската централна банка во спомен на Алфред Нобел“ и за разлика од другите Нобелови награди, таа не е востановена врз основа на тестаментот на шведскиот научник Алфред Нобел, кој починал во 1896 година. Таа е воспоставена преку донација од Шведската централна банка во 1968 година и се доделува од 1969 година, пораи што критичарите да ја нарекуваат „лажен Нобел“.
Како и другите Нобелови награди, наградата за економија вклучува диплома, златен медал и чек од 1,2 милиони долари.
Лауреатите ќе ги примат своите награди на свечени церемонии на 10 декември, годишнината од смртта на Нобел.

