Проекциите засновани на првичните пребројувања на гласовите од покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија и Берлин ги потврдуваат резултатите од излезните анкети. Екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АФД) е во предност пред Социјалдемократската партија на Германија (СПД) во Мекленбург-Западна Померанија, додека во Берлин во убедливо водство е екстремно левичарката Левица пред Христијанско демократската унија (ЦДУ).
Во Мекленбург-Западна Померанија, АФД на Лајф-Ерик Холм освои 37,9 отсто од гласовите, а СПД на Мануела Швезиг 35,7 проценти, што претставува и значајно враќање на позицијата на социјалдемократите во оваа покраина.
На третото место е партијата Левица со освоени 6,7 отсто од гласовите, пред Зелените со 5,4 процент.
Најголем губитник во Мекленбург-Западна Померанија е ЦДУ на германскиот канцелар Фридрих Мерц, која засега со 5 отсто е на границата за минување на петпроцентниот изборниот праг од потребен за влез во покраинскиот Парламент, што е убедливо најлошиот резултат на партијата на кои било избори по Втората светска војна.

Засега нешто под изборниот праг е и левичарската полулистичка Алијанса на Зара Вагенкнехт – Разум и правда (БСВ) со освоени 4,9 проценти, но според излезните анкети до крајот на пребројувањето се очекува партијата да го мине цензусот.
АФД веројатно нема да дојде на власт во Мекленбург-Западна Померанија
По убедливата победа на АФД во Саксонија-Анхалт, каде беше близу да освојување апсолутно мнозинство во покраинскиот Парламент, сега партијата е пред победа во уште една источногерманска покраина, удвојувајќи го својот изборен резултат во однос на изборите во Мекленбург-Западна Померанија во 2021 година.
„Ние сме новата народна партија на Германија“, порача федералната лидерка на АФД, Алис Вајдел за јавниот радиодифузен сервис ЗДФ.
Но, победата на АФД не значи и дека таа ќе формира влада во Мекленбург-Западна Померанија, имајќи предвид дека сите други партии што освоија места во покраинскиот Парламент категорично ја отфрлаат соработката со екстремно десничарската партија.

Ваквата ситуација нема да се промени ни доколку БСВ го мине изборниот праг, бидејќи потенцијалната колаиција на АДФ и Алијансата не би имала мнозинство. Можноста за коалиција на двете партии од спротивните страни на политичкиот спектар се разгледува имајќи пред вид дека БСВ води разговори со АФД во Саксонија-Анхалт за можна соработка.
Левицата се враќа на власт во Берлин
На изборите во Берлин партијата Левица засега има 25,3 отсто од гласовите, што е двојно повеќе во однос на освоените 12,2 проценти во 2023 година.
Врз основа на досега преброените гласови, на второто место е ЦДУ со 19 отсто, пред АФД со 16,3, Зелените со 14,4, и СДП со 12,1 проценти од гласовите. БСВ и во Берлин е нешто под прагот од пет отсто со освоени 4,8 проценти.
Во ваква ситуација заедно трите левичарски партии – Левицата, Зелените и СДП, се на пат да обезбедат мнозинство во Парламентот во Берлин, со што се отвора можност за враќање на левицата на власт во германскиот главен град.

Досега на власт во Берлин беше ЦДУ, која на изборите пред три години извојува изненадувачка победа, како резулатат на незадоволството на граѓаните од политиките на тогаш владејачките Зелени и општиот револт поради состојбата во градот.
Мерц оцени дека резултатите се „катастрофа“ за ЦДУ, но не планира да поднесе оставка
Во првата реакција на гласовите од изборите во Мекленбург-Западна Померанија и Берлин, германскиот канцеларот Фридрих Мерц изјави дека резултатите на неговата ЦДУ се „катастрофа“. Сепак, тој нагласи дека тоа нема да го обесхрабри и има намера да продолжи со спроведување на политиките на неговата Федерална влада.
Во последните недели во германскиот печат интензивно се шпекулира за можно заминување на Мерц од канцеларската функција, имајќи предвид дека тој со месеци се соочува со слаб рејтинг на анкетите.

