Центарот за климатски промени денеска во Битола организира Соларен саем на кој компании и организации коишто се занимаваат со оваа проблематика ќе ги презентираат придобивките од користењето на соларната енергија.
Саемот ќе се одржи на плоштадот Магнолија, а граѓаните ќе може да се информираат за фотонапонските системи, придобивките од користење соларна енергија, како и концептот на просумер.
Саемот ќе биде збогатен и со интерактивни демонстрации и едукативни активности за деца.

