Ксилитолот, кој се користи во производи како што се гума за џвакање, паста за заби и џемови, е поврзан со зголемен ризик од мозочен удар, срцев удар и смрт.
Ксилитолот, кој се користи во производи како што се гума за џвакање, паста за заби и џемови, е поврзан со зголемен ризик од мозочен удар, срцев удар и смрт.
Ова е заклучокот на најголемата студија за долгорочните ефекти на ксилитолот, чии резултати беа презентирани на годишниот конгрес на Европското здружение за кардиологија во Минхен, пишува Гардијан.
Ксилитолот е шеќерен алкохол. Се наоѓа природно во некои прехранбени производи, но во многу мали количини. Како вештачки засладувач, се додава во храна, пијалоци и производи за орална хигиена, во концентрации што можат да бидат илјада пати повисоки од природните.
Научниците анализирале податоци за 17.710 луѓе. Тие ја споредиле четвртината од учесниците со највисоки нивоа на ксилитол во крвта со четвртината што имала најниски нивоа.
Се покажа дека групата со највисоки нивоа на ксилитол имала 57 проценти поголема веројатност да умре, да има срцев удар или мозочен удар во рок од шест години. Истиот ризик останал 18 проценти повисок дури и по 30 години следење.
Резултатите, исто така, покажаа директна врска со дозата: колку е повисоко нивото на ксилитол, толку е поголема стапката на кардиоваскуларни проблеми. Оваа врска, истакнуваат научниците, останала константна без оглед на возраста, полот, индексот на телесна маса, крвниот притисок, дијабетесот или нивото на масти во крвта.
Авторот на студијата, д-р Марко Витковски од Универзитетската болница Шарите во Берлин, рече дека наодите се темелат на претходни истражувања кои веќе сугерираа претпазливост.
-Во претходните студии, покажавме дека ксилитолот може да ја зголеми способноста на тромбоцитите да формираат згрутчувања, објасни Витковски.
Неговиот тим, исто така, откри дека високите нивоа на ксилитол во крвта се поврзани со срцеви проблеми кај пациенти со висок ризик за време на тригодишно следење.
Вештачките засладувачи ги консумираат луѓе кои мислат дека се поздрави од шеќерот и генерално се сметаат за безбедни од регулаторните агенции
=Нашите долгорочни наоди кај општата популација покажуваат колку малку всушност знаеме за кардиоваскуларната безбедност на ксилитолот. Ова укажува на потребата од дополнителни истражувања, особено затоа што количината на ксилитол во производите постојано се зголемува“, заклучи Витковски.
Професорот Ден Атар, член на комуникацискиот комитет на ESC, кој не учествуваше во истражувањето, ги коментираше наодите.
-Вештачките засладувачи се широко прифатени од современото општество и им се дадени добри оценки за безбедност од страна на регулаторните тела. Сепак, во овој опсервациски труд, се чини дека ксилитолот има долгорочен негативен ефект врз кардиоваскуларното здравје кај општата популација.Како и со сите вакви студии, тешко е директно да се докаже причинско-последична врска, но оваа работа покажува дека се потребни понатамошни истражувања на оваа општествено важна тема, рече Атар. Дел Стенфорд, виш нутриционист во Британската фондација за срце.
Според научниците ова не е дозвола да консумираме повеќе шеќер место вештачките засладувачи.

