Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе ја одбележи 20-годишнината од смртта на Петре М. Андреевски, писателот кој со својот збор длабоко се вкорени во македонската книжевност и во колективното паметење, еден од најзначајните автори во современата македонска книжевност.
Преку пригодна програма, книжевна поставка, тематски осврти и читање избрани стихови и текстови, ќе се оддаде почит на ликот и делото на Петре М. Андреевски и на неговото трајно значење за македонската поезија, литература и култура.

