Дигитално реставрираниот филм „Солунските атентатори“ на режисерот Жика Митровиќ премиерно ќе биде прикажан на отворањето на шестото издание на Фестивалот на филм, музика и уметност „Нем филм 2026“, што почнува од денес и ќе трае до 15 септември.
„Солунските атентатори“ е најново издание на Кинотека на Македонија во рамки на програмата за дигитална реставрација на македонски филмови, наменета за зачувување и афирмација на националното филмско наследство.
Снимен е во 1961 година и се смета за едно од најзначајните остварувања во југословенската кинематографија. Инспириран е од дејствувањето на македонските гемиџии во Солун во 1903 година.
Филмот на фестивалот во Пула ја добил наградата на публиката „Јелен“, а режисерот Жика Митровиќ бил награден за успешно негување на акциониот жанр.
Дигитално реставрираниот филм Солунските атентатори го отвара Фестивалот Нем филм 2026

