Демократската унија за интеграција тврди дека проектот за изградба на автопатот Скопје – Блаце, не е проект на актуелната власт, туку е почнат во времето на претходната власт.
На 27 јуни 2022 година, Собранието го усвои Законот за гаранција на обврските по заемот што требало да се користи за финансирање на TEN-T проектот за автопатот од Скопје до границата со Косово. Официјалниот документ ги носи потписите на тогашниот претседател Стево Пендаровски и на претседателот на Собранието, Талат Џафери. Оттука, во времето кога ДУИ беше дел од Владата, за проектот Скопје- Блаце биле создадени и унапредени основните елементи за неговата реализација: проектирањето, обезбедувањето финансиска основа и спроведувањето на тендерските постапки. Овој доказ го побива секој обид да се создаде впечаток дека автопатот Скопје- Блаце е проект што актуелната власт го започнала од нула, посочува ДУИ.
Од ДУИ бараат да се објават сите документи поврзани со проектирањето, финансирањето, тендерирањето и реализацијата на овој проект.
ДУИ не се спротивставува на реализацијата на автопатот Скопје- Блаце. Напротив, ДУИ бара проектот да се реализира што е можно побрзо, во интерес на граѓаните и на стратешкото поврзување на Северна Македонија со Косово, велат од ДУИ.

