Европската комисија денеска ги потври наводите на брислескиот политички портал „Политико“ дека неодамна таа била цел на кибер-напад.
Според Европската комисија, кибер нападот бил откриен уште на 22 октомври, по што веднаш била покрената истрага.
„Истрагата е во тек. Во моментов е тешко да се процени обемот на нападот“, изјави портпаролот на ЕК за технолошка сувереност Томас Рение на денешниот редовен брифинг за новинарите.
Според Рение, засега не е јасно ниту кој стои зад кибер нападот.

„Политико“ тврди дека наводно јавно биле изложени голем број лични податоци со кои располага извршното тело на ЕУ.
Комисијата, меутоа, не ги потврди овие наводи, нагласувајќи дека засега нема индиции оти „дошло до протекување на податоци на вработените или податоци поврзани со нив“.
Во нападот наводно биле користени алатки за вештачка интелигенција со цел да се откријат ранливости во ИТ-системите.
„Комисијата работи на зајакнување на безбедноста на своите системи и продолжува да ги презема неопходните мерки“, додаде Рение.
Како мерка на претпазливост, Комисијата привремено исклучи од мрежата одредени веб-страници и апликации, вклучително и една услуга за преведување. Повеќето од нив сега се повторно достапни. Исто така, вработените привремено не можеле да внесуваат податоци поврзани со плати или отсуства, пренесува „Политико“.

