Два ер трактора се активирани за пожарот над селото Грачани. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов попладнево изјави дека воздушната поддршка е со цел огнената линија да не продолжи кон населеното место.
Очекувам огнот да биде пресечен над селото за тоа да не претставува закана за ова убаво село, изјави Ангелов.

Пожарот се прошири од косовска страна, а огнената линија е долга речиси неколку километри.

