Дваесет и осумгодишна жена вчера во 21:30 часот пријавила во СВР Скопје дека на подрачјето на Центар нејзиниот поранешен партнер Е.С. ѝ ги одзел мобилниот телефон и паричникот.
Според пријавата, кога се обидела да си ги земе предметите, тој физички ја нападнал и ѝ упатувал закани.
Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

