Овогодишното многу суво и жешко лето во северните делови на Европа резултираше со зголемен број на пеперутки-преселници од јужните реони на континентот, но и со многу помалку муви, бубамари, оси и стршлени, соопшти организацијата „Натурпунт“.
Ваквите сознанија организацијата ги прибрала во рамки на годишниот предизвик „Лето на инсектите“ во чии рамки околу 40.000 лица ги следеле животните и растенијата во нивните реони во периодот од 1 јули до 31 август.
Анзлизата утврдила зголемен број на пеперутки, на кои отпаѓаат седум од 10-те најчесто регистрирани инсекти оваа година, при што „лидер“ е пеперутката „адмирал“. Главно станува збор за пеперутки-преселници од јужните делови на Европа, кои имаа подобро се справуваат со сушата и горештините отколку домородни пеперутки.

Зголемен е и бројот на други видови инсекти од јужните краишта, вклучително и неколку видови скакулци, како европската богомолка и скакулец со српести крилја, чија регистрирана бројност е двојно поголеме споредено со лани.
Бројот на осите и стршлените во слободен пад
За разлика од овие видови, некои други инсекти имаа поголеми тешкотии поради екстремните временски услови. Ова главно се однесува на видовите што живеат во многу специфични живеалишта и на кои им се потребни вообичаени влажни пролети и лета со поблаги температури и порамномерно распоредени врнежи.
Така, бројот на многу видови оси беше помал ова лето. Неколку видови, вклучувајќи ги обичната оса и германската оса, беа забележани во двојно помал број. Се чини дека тие видови настрадале од влажното време во јуни, пред да настапи долгата суша.

Помалиот број оси е вистинска благодет за оние што сакаат да уживаат во сокови или сладолед во природа, но тие се многу важни, бидејќи не само што ловат други инсекти, туку помагаат и во опрашувањето на растенијата.
Бројноста на стршлени исто така е драстично намалена, што посебно се однесува на
инвазивниот азиски стршлен, но и на европскиот вид. Според тоа, се чини дека ширењето на азискиот штршлен годинава било помало отколку лани што е добра вест, но тоа не може да се каже за значителното намалување на европскиот стршлен, кој има корисна улога во природа.
Покрај ова, забележано е намалување и на мувите, стоногалките и бубамарите.

