Македонија ја брои осмата жртва од западнонилска треска. Почина 70-годишен жител на скопско Драчево. Информацијата за телевизија 24 ја потврдил министерот за здравство Сашо Клековски.
Од Инфективната клиника повеќе информации најавуваат за утре.
Пациентот се лекуваше на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а летална состојба настана во текот на вчерашниот ден. Пациентот беше со повеќе коморбидитети. Повеќе информации ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден, велат од Инфективната клиника.

