Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во септември биле зголемени за 757 денари во однос на претходниот месец. Анализата на Сојузот на синдикати на Македонија покажува дека синдикалната минимална кошница во септември изнесувала 69.432 денари.
Со изнајмен стан од 60 квадрати минималните трошоци се зголемени до ниво од 84.807 денари.
За храна и пијалоци биле потребни 25.259 денари, а минималните трошоци за учебната година изнесувале 7.192 денари.

