Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на островската држава Вануату во Тихиот Океан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 596 километри, на оддалеченост од 624 километри од главниот град, Порт Вила.
Околу еден час по првичниот земјотрес, се случи втор потрес со јачина од 4,9 степени.
Засега нема извештаи за повредени лица или материјална штета.
Не е издадено предупредување за цунами.
Земјотрес со јачина од 6,5 степени го погоди Вануату

