Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски говорејќи за буџетот на градот изјави дека Јавното сообраќајно претпријатие има заштеда од половина милион евра со повеќе автобуси пуштени во сообраќај и дека некој добро се офајдил во минатото.
Имаме половина милион евра заштеда за гориво во услови кога имаме 50 автобуси плус пуштено во оптек. Јас кога станав градоначалник во ЈСП функционираа 148 автобуси, денес сообраќаат на линиите над 200 автобуси, а имаме над пола милион евра заштеда што значи дека некој дебело се офајдувал во минатото на сметка на нас граѓаните, изјави Ѓорѓиевски во вклучувањето во живо на Фејсбук каде говореше за Буџетот на Градот.
Тој вели дека сега „вовел дисциплина“ односно има ГПС уреди на сите автобуси и на сите возила на јавните претпријатија и на Градот Скопје и дека се поставени и сонди за мерење гориво.
Најави дека наскоро треба да пристигнат и 100-те еколошки автобуси.

